Водовод: Ремонт на дефект под дрво на ул. Прилепска, прекин на водоснабдување

Јавното комунално претпријатие „Водовод“ ги известува граѓаните дека денес, недела (06.07), поради дефект на азбестна водоводна цевка со пречник од 150 мм, има прекин на водоснабдувањето на улица Прилепска, во делот околу зграда Пелагонка 1.

При излез на терен, екипите на ЈКП Водовод, ЈП Комуналец и ЕВН утврдија дека оштетената цевка се наоѓа под дрво кое мора да се отстрани за да се овозможи санација на дефектот. Во координација на сите служби, ќе се пристапи кон сечење на дрвото, по што се очекува дефектот да биде брзо отстранет и водоснабдувањето да се нормализира во најкус можен рок.

Во меѓувреме, за потребите на граѓаните од овој дел на градот, пред објектот Пелагонка 1 е поставена цистерна со питка вода.

Се заблагодаруваме на разбирањето и трпението на граѓаните додека траат санационите активности.



1245

Задолжително

Verified by MonsterInsights