НОВИ МЕРКИ ЗА ЗГОЛЕМЕНА ХИГИЕНА НА УЛИЦИТЕ И ПАЗАРИТЕ ВО БИТОЛА

На иницијатива на градоначалникот Тони Коњановски, денес во општина Битола се одржа состанок со претставници од јавните претпријатија, ТППЕ Битола, како и со РЕК Битола. Целта беше да се изготви конкретен план со активности за значително унапредување на хигиената во градот, имајќи ги предвид укажувањата од ЈП „Паркинзи“ за зголемен талог од издувни гасови на сообраќајниците, како и тековните потреби на ЈП „Пазари“.

Согласно договореното:
🔹 Од вечерва започнува организирана акција за миење на улиците, која ќе ја спроведува ЈП „Комуналец“.
🔹 Акцијата ќе стартува од поголемите градски сообраќајници, со ангажирање три специјализирани возила.
🔹 Миењето ќе се врши секојдневно навечер, а според проценетите потреби, ќе се вклучуваат и ТППЕ Битола и РЕК Битола со сопствени ресурси.

Дополнително:
🔹 Утре ТППЕ Битола ќе го изврши миењето на Новиот пазар.
🔹 Секоја вторник и петок, по пазарните денови, ќе се врши миење и дезинфекција на двата пазари во Битола, во соработка со ЈП „Пазари“.

Со овој план, општината презема дополнителни мерки за подигнување на стандардот на чистота, особено во летниот период, кога потребата од вакви активности е зголемена.

Грижата за чиста Битола е наша заедничка одговорност!
Ги повикуваме сите граѓани, стопанственици и посетители да придонесат со совесно однесување и почитување на јавниот простор.


1294

Задолжително

Verified by MonsterInsights