Градоначалникот Тони Коњановски за пожарот во кругот на КБ “Д-р Трифун Пановски”
“По добиената информација за опожарена тревна површина во кругот на Инфективното одделение при КБ “Д-р Трифун Пановски”, заедно со директорката Д-р Ненси Лозанче излеговме на терен каде ТППЕ Битола веќе интервенираше и ја локализира и угасна опожарената површина.
Со брзата интервенција на противпожарната единица и поддршка од обезбедувањето на болницата, спречено е ширење и опожарување на околните објекти и не е причинета матерјална штета“, напиша на Фејсбук Тони Коњановски, градоначалник на Општина Битола.