Специјализирана обука за ментори за вработените од АД ЕСМ
Квалитетната практична настава на учениците во компаниите е неопходна за развој на идниот кадар. Токму затоа, во соработка со Стопанската комора реализиравме специјализирана обука за ментори за вработените од АД ЕСМ.
АД ЕСМ е компанија која активно вложува во знаењата и вештините на своите вработени, обезбедувајќи развој на идните млади професионалци и зајакнување на врската помеѓу образованието и реалниот сектор.
Целта е да се создаде кадар со сите потребни знаења, компетенции и алатки за ефикасно менторирање на учениците од стручното образование. Менторите научија како ефективно да го пренесат своето знаење, да комуницираат, да ги вреднуваат вештините на учениците и да ги инспирираат за професионален развој, критичко размислување и разбирање на компаниската структура.
Обуката опфати вработени од повеќе сектори на АД ЕСМ Дирекција, како и од подружниците: Енергетика, ХЕС Треска, ХЕС Црн Дрим, ХЕЦ Тиквеш, РЕК Осломеј и РЕК Битола. Искусни предавачи им помогнаа на менторите не само да го споделат своето искуство, туку и да научат како да ги мотивираат младите, бидејќи менторството не е само пренос на знаење, туку вистинска инспирација која ги обликува идните генерации.
Во АД ЕСМ, убедени сме дека вистинскиот успех се гради на посветеноста на нашите вработени. Затоа, не само што континуирано инвестираме во нивната едукација, туку и активно поттикнуваме иновативен пристап, бидејќи веруваме дека постојаното учење и новите идеи се двигатели на нашиот заеднички напредок.