14 јули – Спомен на светите бесребреници и чудотворци Козма и Дамјан (Римски)

На овој ден, Православната Црква ја чествува светата браќа Козма и Дамјан – лекари, маченици и чудотворци, кои пострадале за Христа во Рим.

Со благодатта на Светиот Дух, тие добиле дар на исцелување – лекувале болести на телото и на душата, се грижеле за луѓето со љубов и милосрдие, без да примаат награда. Затоа се нарекуваат бесребреници, односно оние што не бараат сребро, пари.

До нив верниците се обраќаат со молитва:

  • за исцелување од болести – телесни и душевни,
  • за заштита од неправди од страна на претпоставени или наставници,
  • за спас од завидливи и злобни луѓе.

Молитва до светите бесребреници и чудотворци Козма и Дамјан:

Свети бесребреници и чудотворци, Козма и Дамјане, посетете ги нашите немоќи. Даром ја примивте благодатта – даром подајте ја и на нас.
Како што на болните им ја дарувате здравината, прославени лекари и чудотворци, така и сега, со вашето застапништво, сотрете ја дрскоста на непријателите и исцелете го светот со вашите чуда.


1219

Задолжително

Verified by MonsterInsights