НОВ ВИСОКОТЕХНОЛОШКИ РЕНТГЕН АПАРАТ ВО КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА – БИТОЛА

Клиничката болница – Битола доби модерен дигитален рентген апарат Fujifilm Smart X, набавен со поддршка од Владата на Република Македонија и премиерот проф. д-р Христијан Мицкоски.

Станува збор за врвна технологија со 52 kW генератор и два панел-детектори, која овозможува брзо, прецизно и безбедно снимање, со значително подобрен квалитет на дијагностичките слики.

Со оваа инвестиција, вредна 7.000.000 денари, се овозможува континуирана достапност на рентген услугите, без упатување на пациенти во други установи.

Клиничката болница изразува искрена благодарност до Владата и премиерот за нивната посветеност и вистинска грижа за здравствениот систем, пациентите и медицинскиот персонал во Битола и Пелагонија.


1312

Задолжително

Verified by MonsterInsights