Сашо Илковски – нов директор на Центарот за култура во Битола

Сашо Илковски е именуван за нов директор на Центарот за култура во Битола. Решението за неговото назначување, со мандат од четири години, е донесено на 22 јули од страна на министерот за култура, Зоран Љутков.

Илковски е магистер по инженерство и менаџмент, со богато професионално искуство од над дваесет години во различни области – култура, јавна администрација, дигитални технологии, маркетинг и менаџирање со проекти.

Својата нова функција ја започна со симболичен и значаен чин – свечено го отвори 55. издание на Интернационалниот фестивал „Илинденски денови“ во Битола, со што најави ангажираност и поддршка за културните манифестации од национално и меѓународно значење.


1459

Задолжително

Verified by MonsterInsights