Неколку дена без вода во Логоварди и Поешево поради работи на мрежата

Жителите на битолските села Логоварди и Поешево од утре ќе се соочат со редуцирано водоснабдување, поради изведба на нова водоводна линија на овој потег. Работите, кои се дел од интервенциите за модернизација на инфраструктурата, ќе траат од 29 јули (вторник) до 31 јули (четврток).

Во тој период, во времетраење од 07:00 до 16:00 часот, водоснабдувањето ќе биде целосно прекинато. По 16:00 часот, до вечерните часови, водата ќе се испорачува со намален проток.

Според најавите, нормализација на водоснабдувањето се очекува веќе во петок, на 1 август.

Целта на интервенцијата е да се спречи настанување на дефекти на новата линија, со што ќе се подобри стабилноста на водоснабдувањето во овие населени места.

Во текот на работите, надлежните апелираат граѓаните да бидат претпазливи и рационални во користењето на водата во попладневните часови, кога протокот ќе биде намален.


1274

Задолжително

Verified by MonsterInsights