Официјално означен почетокот на проектот за пречистителна станица за отпадни води во Битола

Со денешниот состанок во Битола, формално беше означен почетокот на реализацијата на еден од најголемите еколошки проекти во општината — изградбата на пречистителна станица за отпадни води.

Настанот се одржа во присуство на претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за финансии, изведувачот на проектот – конзорциумот Лантаниа – Стентон Градба – Карканиас, избраниот надзор – фирмата Ептиса, како и претставници од КЈП „Нискоградба“ и општинската администрација.

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, го нагласи значењето на проектот како стратешки чекор во заштитата на животната средина и усогласување со европските стандарди.
„Ова е важен ден за Битола. Со официјалниот старт на овој проект, ја потврдуваме нашата определба за зелени политики, чиста вода и здрава животна средина,“ изјави Коњановски.

Целта на проектот е воспоставување на модерен и ефикасен систем за собирање и третман на комунални отпадни води, во согласност со европската Директива за третман на урбани отпадни води и националните регулативи. Според договорот, проектот ќе се реализира во рок од две години, со дополнителен едногодишен гарантен период.

Инвестицијата е финансиски поддржана од Европската Унија и се смета за долгорочен придонес кон одржливо управување со водните ресурси и подобрување на животната средина за сегашните и идните генерации.


1202

Задолжително

Verified by MonsterInsights