Уапсен поранешен телохранител на Зоран Заев поради сомнение за подметнување пожар кај Водоча

Според неофицијални информации до кои дојде порталот Струмица Денес, лице со иницијали А.Н., за кое се тврди дека бил телохранител на поранешниот премиер Зоран Заев, е уапсено под основано сомнение дека намерно подметнал пожар во атарот на браната Водоча, во близина на Струмица.

Од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека во текот на денешниот ден ќе излезат со официјални информации и повеќе детали за случајот.

Според изворите, инцидентот предизвикал сериозни реакции во јавноста, особено поради чувствителноста на локацијата и ризикот што го предизвикуваат пожарите во услови на високи температури


1295

Задолжително

Verified by MonsterInsights