Уредена и втората патека која води до манастирот Света Ана, село Маловишта

✅️Вработените од НП Пелистер заеднички со локалното население од село Маловишта ја уредија и втората патека која води до манастирот Света Ана со цел верниците да имаат полесен пристап.

✅️Во пресрет на празникот Успение на Света Ана која се слави на 7 август, селото Маловишта(1.170мнв) е домаќин на илјадници верници, планинари и љубители на природата. Ноќта на 6 август посетителите низ густата букова шума се искачуваат до манастирот Св.Ана(1.400мнв) и се дел од еден автентичен настан и уникатно доживување кои го истакнуваат специфичниот културен идентитет и традиција на селото. Маловишта е единственото населено место во рамки на НП Пелистер каде со своите традиционалните камени куќи и калдрмисани улици останува јасен симбол на влашкиот културен идентитет и традиција во регионот.

✅️Во знак на благодарност за поддршката бевме поканети во домот на Ристо и Лиле Палигора и имавме ретка можност да ја вкусиме Pitá di burbunacá или зелник со киселец

✅️Ова е само најава за еден нов почеток на идната соработка на НП Пелистер со село Маловишта. Како ЈУНП Пелистер ќе го дадеме максимумот за искористување на потенцијалот на Маловишта за развој на еко-активниот туризам и зачувување културниот идентитет и традиција како дел од природното и културното наследство на паркот


1349

Задолжително

Verified by MonsterInsights