Битола – единствена дестинација за полнење метан за охридските возила

По јавната објава на советникот Иван Чулакоски, кој изрази загриженост за движењето на камиони на ЈП „Комуналец“ Охрид низ Битола, од битолското јавно претпријатие пристигна официјален одговор во кој се демантираат сите инсинуации и се појаснува причината за присуството на возилата.

Како што информира директорот на ЈП „Комуналец“ – Битола, двата камиони од охридското јавно претпријатие се на метан, а единствената соодветна бензинска станица во регионот каде што може да се полни метан се наоѓа токму во Битола.

„Станува збор за редовна, логична и економски оправдана пракса, а не за некакво сомнително или загрижувачко движење, како што се наведува во објавата“, се наведува во реакцијата.

Во прилог на појаснувањето објавена е и фотографија од камионите на бензинската станица како доказ за целта на нивното присуство.

Од претпријатието порачуваат дека во иднина очекуваат повеќе сериозност во јавните настапи и изјави, особено кога станува збор за прашања што лесно можат да бидат проверени и да не создаваат непотребна забуна во јавноста.


1202

Задолжително

Verified by MonsterInsights