Потпишан договор за подобрување на ефикасноста и енергетската отпорност на ЈКП „Водовод“ – Битола
Во Министерството за животна средина и просторно планирање, денес беше потпишан договор помеѓу Јавното комунално претпријатие „Водовод“ – Битола и Општина Битола, во рамките на проектот „Отпорни и ефикасни комунални претпријатија во Северна Македонија“. Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија и Државниот секретаријат за економски прашања (SECO).
Договорот го потпишаа директорот на ЈКП „Водовод“ – Битола, Андреј Гинов, и градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, со цел унапредување на оперативната ефикасност, финансиската стабилност и отпорноста на системот на претпријатието во услови на климатски и енергетски предизвици.
Со оваа иницијатива се очекува зголемување на енергетската ефикасност, оптимизирање на трошоците и воспоставување одржливи решенија во работењето на комуналните служби.
ЈКП „Водовод“ – Битола продолжува со активности насочени кон модернизација и подобрување на квалитетот на јавните услуги, во согласност со актуелните стандарди за одржлив развој и еколошка одговорност.