МИНИСТЕРОТ ПАНЧЕ ТОШКОВСКИ ЌЕ ИМА ОБРАЌАЊЕ НА 54. СЕМАКЕДОНСКА СРЕДБА ВО ТРНОВО НА 2 АВГУСТ
На 2 август, по повод Илинден – Денот на државноста и христијанскиот празник Свети Илија, во село Трново кај Битола ќе се одржи традиционалната 54. Светска Македонска Иселеничка Средба и 45. Погранична Средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, како една и единствена Семакедонска Илинденска Средба – Трново 2024.
Оваа средба потекнува од 1970-тите години и претставува еден од најзначајните собири на Македонците од сите делови на Македонија и дијаспората. Традиционално се одржува во Трново – село симбол на егејската голгота, но и на македонското заедништво, сплотеност и национална свест. Средбата е место каде што се сретнуваат културата, духовноста и борбата за идентитет, каде што се пренесува пораката за единство и љубов кон татковината.
Организатори:
- Матицата на иселениците од Македонија
- Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија – Битола
- Сојузот на здруженија МАКЕДОН
- Светскиот Македонски Конгрес
Програма:
- 09:30 – 10:30 – Света богослужба во црквата „Успение на Пресвета Богородица“
- 10:30 – 12:30 – Централна свеченост со обраќања
- По 12:30 – Општонародна веселба
Средбата ќе ја благослови Митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар.
Најавени говорници:
- Тони Коњановски – градоначалник на Битола (покровител на средбата)
- Панче Тошковски – министер за внатрешни работи, во име на Владата
- Марјан Ристески – заменик-министер за локална самоуправа
- Викторија Трајков – заменик-министерка за европски прашања
- Александар Јаневски – претседател на МАКЕДОН
- Тодор Петров – претседател на Светскиот Македонски Конгрес
Културна програма:
- КУД „Гоце Делчев“ – Битола
- КУД „Новаци“ – Новаци
Превоз:
На 2 август (петок) во 08:00 часот ќе има бесплатен автобус за Трново, кој ќе сообраќа на релација „Петка“ (станица кај ЈП Стрежево) – Трново, и ќе ги превезува сите заинтересирани граѓани до местото на настанот.
Организаторите упатуваат јавна покана до сите Македонци, од род и државјанство, во земјата и светот – да присуствуваат и да ја зацврстиме македонската свест, заедништвото и традицијата!
Добредојдовте во Трново на 2 август!