СПЕКТАКЛ ПРЕД ПОВЕЌЕ ОД 10.000 ПОСЕТИТЕЛИ НА СТАДИОНОТ „ПЕТАР МИЛОШЕВСКИ“ ВО БИТОЛА
Синоќа, во рамките на Битолското културно лето БИТ ФЕСТ, на Градскиот стадион „Петар Милошевски“ во Битола се одржа музички спектакл со еден од најголемите светски диџеи – Армин ван Бурен.
Според организаторите, настанот го проследиле повеќе од 10.000 посетители, со што беше соборен рекорд за најмасовен музички настан од ваков тип во историјата на градот. Публиката уживаше во двочасовен сет исполнет со енергична транс музика, визуелни ефекти и продукција според светски фестивалски стандарди.
Армин ван Бурен, кој важи за еден од највлијателните артисти во светската електронска сцена, првпат настапи во Битола, што претставува значаен културен и музички момент за градот и регионот.
Настанот беше во организација на Авалон продукција (Avalon International Booking), со поддршка од Општина Битола и во рамките на БИТ ФЕСТ 2025.
Кратки видеа од настанот се достапни на следниот линк:
👉 https://www.facebook.com/share/v/1Et8SMV9wn/