МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЈАБУКА ГО ОДБЕЛЕЖАА ИЛИНДЕН

Јабука во знакот на песната, мирисите, боите и ритмите на македонската традиција, го одбележа 2 август – Денот на државноста на Македонија и големиот христијански празник Свети Илија.

Секој агол беше исполнет со духот на предците, со звуци што будат емоции и носталгија и со мириси што потсетуваат на родниот крај.

Вистински празник за сите сетила и уште една потврда дека македонската култура живее и се негува со љубов и во Србија и Војводина.

Во знак на почит кон македонската историја и жртвите за слобода и обединување на Македонија, Македонците во Јабука положија свежо цвеќе на бистата на Гоце Делчев пред истоименото основно училиште. Претставниците на бројните македонски здруженија, Националниот совет на Македонците во Србија, македонската амбасада во Белград и месната заедница Јабука, им оддадоа почит на двата Илиндена – 2 август 1903 година и 2 август 1944 година.

Беа отворени штандови со македонско мени и македонски сувенири. Македонските песни и ора беа неизбежни.


1156

Задолжително

Verified by MonsterInsights