ВО КАНАДА ПРОСЛАВЕН ПАТРОНОТ СВЕТИ ИЛИЈА И ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВНОСТ

Македонската православна црковна општина “Свети Илија” во Мисисага свечено го прослави својот патрон и Денот на државноста на Македонија – Илинден.

Прославата започна со свечена Божествена литургија, со која началствуваше парохискиот свештеник отец Благој Пенев, заедно со неколку свештеници од Македонската правосалвна епархија во Канада и гости од Романската православна црква. Храмот и црковната сала беа исполнети со верници и гости.

Во име на црковниот одбор, гостите срдечно ги пречека претседателот Васко Недановски.

По богослужбата годинашните кумови Дана и Трајче Јанакиевски приредија традиционален Илинденски ручек со богато мени, вклучувајќи печени прасиња и многу други македонски специјалитети.

Во своето обраќање, Горнан Јовановски, претседател на пензионерскиот клуб “Ривер Сајд“ говореше за долгогодишниот придонес и активностите на кумот Трајче Јанакиевски како претседател на Македонското патриотско друштво “Никола Карев“ и организатор и поддржувач на друштвото “Велушина“ од Торонто.

Со голема чест беше објавено дека идни кумови за 2026 година ќе бидат Александар и Ирена Стефановски.

Прославата продолжи со македонска музика и весела атмосфера, за што се погрижија Sonja & Oliver Band.


1130

Задолжително

Verified by MonsterInsights