Локалните избори закажани за 19 октомври
Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, денеска го потпиша Решението за распишување на осмите локални избори, кои ќе се одржат на 19 октомври 2025 година.
Како што информираат од Кабинетот на претседателот на Собранието, одлуката е донесена согласно член 12 став 4 од Изборниот законик, со почитување на законскиот рок од 70 до 90 дена од денот на распишувањето до денот на одржувањето на изборите.
Првиот круг од изборите за градоначалници и членови на советите на 80 општини и на Градот Скопје ќе се одржи на 19 октомври, во согласност со член 16 став 1 од Изборниот законик.
Вториот круг од изборите за градоначалници, доколку биде потребен, ќе се одржи на 2 ноември 2025 година, во единиците на локалната самоуправа каде што во првиот круг нема да биде избран градоначалник.