„Ноќта кога ја убив месечината“ блесна под полната месечина на Големо Езеро

На 9 август 2025 година, под мистичната светлина на полната месечина, на височина од 2.218 метри на Големо Езеро, Пелистер, се одржа 26-тата изведба на театарската претстава „Ноќта кога ја убив месечината“.

Спојот на отсјајот на месечината врз површината на езерото и моќната енергија на актерите, инспирирани од тишината и спокојот на планинската сцена, создаде исклучителна уметничка магија. Публиката, жедна за ново патување низ реалноста на секојдневието, беше дел од неповторлив момент во кој природата и театарот се претопија во едно.

Во мигови, убавината на природната сцена изгледаше нереално, а присутните со восхит ја следеа изведбата, свесни дека сведочат на ретка слика на вечноста.

Настанот се реализираше во соработка со НУ Народен театар Битола и Битолскиот камерен оркестар, со поддршка на Општина Битола. Организаторите упатија голема благодарност до ТППЕ Битола и до сите кои придонесоа ова уникатно доживување успешно да се оствари.


1201

Задолжително

Verified by MonsterInsights