Во Битола во тек се повеќе инфраструктурни и градежни зафати со цел подобрување на условите за живот на граѓаните и унапредување на јавните објекти.

Во моментов се изведува канализациона мрежа на улицата „Панде Кајзеро“, како и нова водоводна мрежа во делот СТУ3 – населба АРМ. Паралелно, на улицата „11 Март“ се вршат подготовки за коловоз со тампонирање.

Во образовниот сектор, на Основното училиште „Стив Наумов“ се поставува нова енергетски ефикасна фасада, а во насока на подобрување на спортската инфраструктура се врши реконструкција на јужната трибина на стадионот „Петар Милошевски“.

Дополнително, во населбата АРМ се гради нова детска градинка, а во близина на „Ветеринарна“ е во тек изградба на кружен тек. Започната е и изградбата на нова боксерска сала, како и изведбата на потпорен ѕид на улицата „Јорго Костовски“.

Овие активности, според надлежните, се дел од пошироката програма за подобрување на инфраструктурата и јавните услуги во градот.


1390

Задолжително

Verified by MonsterInsights