Жежок август со тропски ноќи и температури до 40°C

Топлотниот бран од Африка продолжува најмалку до 20 август, а можно е и до 25-ти, покажуваат најновите прогностички модели. Пелагонија, Преспа и Пелистер ќе бидат под силно влијание на жежок воздух, со стабилно и сончево време.

Во Пелагонија температурите ќе се движат од 30°C до 38°C, а во Битолското Поле можни се и 39°C. Преспа ќе биде нешто посвежа – од 30°C до 34°C, додека на Пелистер дневните температури ќе бидат околу 22–26°C со пријатни ноќни разладувања.

Ноќите во пониските делови на Пелагонија ќе останат тропски, над 20°C, додека во Преспа и на Пелистер ќе се спие полесно.

Жешкото време ќе го почувствуваат и другите туристички центри – Охрид и Струга со 31–35°C, Дојран со до 38°C, Маврово со 26–30°C и Повардарието како најжешкиот регион со температури до 40°C.


1310

Задолжително

Verified by MonsterInsights