СООПШТЕНИЕ за рационално користење на водата за пиење
🚰 ЈКП „Водовод“ – Битола ги информира граѓаните дека, покрај редовните теренски активности, ќе спроведува и контрола на водоснабдувањето со цел да обезбеди непрекинато и квалитетно снабдување со вода за сите корисници.
🔹 Бесправно приклучените корисници ќе бидат исклучени од мрежата.
🔹 Апелираме да не се користи питката вода за наводнување на поголеми површини, туку исклучиво за основни потреби.
🔹 Злоупотребите и дивите приклучоци ќе бидат санкционирани со поднесување соодветни пријави.
🔹 Жителите на висококатници да ги користат своите хидрофорски постројки.
📌 Целта е рационално користење на водата за пиење и заштита на водните ресурси во летниот период.