Прекин на водоснабдувањето и сообраќајот во Логоварди и Поешево овој викенд

Јавното комунално претпријатие „Водовод“ – Битола информира дека во сабота и недела, 16 и 17 август 2025 година, ќе има прекин во водоснабдувањето за корисниците во населените места Логоварди и Поешево.

Причината е изведување на работни активности на новата водоводна мрежа на потегот Логоварди – Поешево, односно поставување нови приклучоци.

Од претпријатието додаваат дека, покрај прекинот во водоснабдувањето, во истиот период ќе биде во прекин и патниот сообраќај во овие населени места.

Прекинот ќе започне во 08:00 часот и ќе трае до завршување на работните активности.

Од ЈКП „Водовод“ – Битола им се заблагодаруваат на граѓаните за разбирањето.


1235

Задолжително

Verified by MonsterInsights