Општина Битола со најмногу одобрени проекти на вториот јавен повик за поддршка на општините

Владата на Република Македонија, преку вториот јавен повик за поддршка на локалната самоуправа за 2025 година, одобри вкупно 828 проекти за 80 општини во државата, со вкупна вредност од 13.868.138.877 денари.

Од вкупниот број, Општина Битола е лидер со најмногу одобрени проекти – 65 проекти, одобрени од шест ресорни министерства.

Како што информира Министерството за локална самоуправа, сите општини имале еднакви услови за аплицирање и можност да поднесат проектна документација според своите потреби. Некои општини, како Богданци, Новаци, Градско, Берово и Росоман, добиле само по еден одобрен проект.

Од Општина Битола порачаа дека ова претставува доказ за сериозна посветеност во подготовката на проектната документација и силна желба да се работи во интерес на битолчани. „За резултати некогаш треба време, но со трпение и посветена работа успехот е видлив. Нека зборуваат делата,“ велат од локалната самоуправа.


1218

Задолжително

Verified by MonsterInsights