ЈКП „Водовод“ – Битола и институциите со заеднички акции против злоупотреба на вода
Во просториите на ЈКП „Водовод“ – Битола се одржа состанок на кој присуствуваа претставници од Општинскиот инспекторат, Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство.
На средбата беше дискутирано за сериозниот проблем со злоупотреба на вода преку нелегални приклучоци и кражба на вода, што предизвикува значителни штети за јавното претпријатие и за совесните корисници.
Од ЈКП „Водовод“ информираат дека секоја злоупотреба на водата ќе биде предмет на законска постапка, а против сите лица кои ќе вршат кражба или ќе користат диви приклучоци ќе бидат преземени соодветни санкции преку надлежните органи.
Претпријатието упати апел до граѓаните и правните субјекти да ја користат водата на законски начин и ги охрабри да пријавуваат евентуални злоупотреби. Од таму додаваат дека само со заеднички напори може да се обезбеди правилна и правична распределба на овој драгоцен ресурс.