Свечено затворање на БИТ ФЕСТ 2025
На 31 август (недела), со почеток во 21:00 часот, на платото пред Офицерскиот дом во Битола ќе се одржи свеченото затворање на 17-тото издание на фестивалот БИТ ФЕСТ 2025.
По два месеци исполнети со културни и уметнички содржини, фестивалот ќе биде заокружен со презентација на завршното видео од проектот „Bitola Art Mapping“, кој ја трансформираше Битола во сцена на современа уметност и креативен дијалог.
Проектот има цел да создаде уникатно културно доживување преку активирање на јавните простори и поврзување на уметноста со граѓаните.
Видео-презентацијата ќе биде претставена како културно-туристичка промоција на фестивалот, а содржините ќе продолжат да се објавуваат и на социјалните мрежи на Општина Битола, во соработка со ЈОУ КИЦ Битола и медиумите кои ги следеа фестивалските настани.