Енис Џеловски е роден во Битола и пее од 10 годишна возраст. Првата касета за ‘Сенатор Рекордс‘ ја снимил во далечната 1993 година кога имал само  11 години и истата е продадена во златен тираж од 30.000 примероци. Следува победа на ‘Шутка Фест‘, фестивал на кој учествуваа пејачи од 24 држави, по што ја освои и титулата ‘Ромски фолк хит‘.

Сними уште 4 албуми, а негови најпознати хитови се ‘‘Од малечки до големи‘, ‘Ќе те земам‘, ‘Сирак‘, ‘Ми отиде на далеку‘ и други. Активен е во земјата и дијаспората, со редовни настапи во клубови, ресторани и на домашни веселби.

Џеловски иако имал понуди да живее во други држави, одбрал живот и кариера во родната Битола. Тој денес е еден од најангажираните битолски музичари.  


1875

Задолжително

Verified by MonsterInsights