ДО СЕГА 5 КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА БИТОЛА

Во Битола досега има тројца независни кандидати за градоначалник на  претстојните локални избори, Ќире Димов независен кандидат за градоначалник на Битола поддржан од партијата на Ванчо Шехтански – ТМРО, Габриела Илиевска од независната иницијатива „Поинаку“ и најновата кандидатура на познатиот битолски архитект и сценограф, Зоран Николовски.

Од политичките партии официјална е кандидатурата на актулениот градоначалник Тони Коњановски од ВМРО-ДПМНЕ и на Методија Куновски од СДСМ. Битолчани со голем интерес очекуваат дали партијата Левица ќе има свој кандидат за градоначалник или ќе поддржи некој од независните или партиските кандидати на претстојните локални избори. Исто така, се споменува и името на Јорго Огненовски, претседателот на партијата Демократи како можен кандидат.


1689

Задолжително

Verified by MonsterInsights