„Пелистер вајб 2025“ – Адреналин и музика за Денот на независноста

Со насловот „Пелистер вајб 2025 – Сплотени во адреналин“, на 8 септември – Денот на независноста на Македонија, на Инфо-центарот „Пелистер“ кај Мечката ќе се одржи настан кој ќе ги обедини природата, спортот и музиката.

Програмата започнува напладне, а централна атракција ќе биде Адреналинскиот парк, кој за прв пат ќе биде отворен по промотивни цени. Паркот е поделен во две зони – за деца и за возрасни – и ќе функционира од 12 до 16 часот. Организаторите препорачуваат удобна спортска облека и обувки, бидејќи активностите бараат физичка подготвеност и поголема мобилност.

Цената за возрасни изнесува 300 денари, додека детската секција чини 100 денари. Температурите на планината, според најавите, ќе се движат помеѓу 24 и 16 степени Целзиусови, па посетителите се повикуваат да се подготват за посвежо време.

Покрај спортскиот дел, публиката ќе има можност да ужива и во музичка програма под отворено небо, со настапи на NIKIFOR, Elena Ivanoska, Kotex и Shvaba. За храната и пијалоците ќе се погрижат неколку локални угостителски објекти: „Бар Општина“, „Училница“, „Камарите“, „Де Ниро“ и „Конец“.

Настанот има за цел да го одбележи државниот празник на начин што ја спојува енергијата на планината, заедништвото и слободниот дух – симболика која организаторите ја врзуваат со значењето на 8 Септември.


1359

Задолжително

Verified by MonsterInsights