Македонски Брод – општина со еднакви можности за сите граѓани

Општина Македонски Брод продолжува да покажува посветеност кон создавање услови за еднаков пристап до образование и услуги за сите граѓани, со посебен акцент на лицата со посебни потреби. Во таа насока, во Основното училиште „Св. Климент Охридски“ се изградени нови, модерни тоалети за децата со посебни потреби, обезбедувајќи им достоинствени и безбедни услови за секојдневно користење.

Покрај ова, набавен е и специјален транспортер кој ќе им овозможи на децата со посебни потреби полесен пристап до кабинетска настава. Со оваа мерка, училиштето значително ја подобрува функционалноста на наставниот процес и обезбедува рамноправна можност за учење и развој на сите ученици.

Градоначалникот на Македонски Брод, Жарко Ристески, истакнува:

„Продолжуваме да вложуваме во нашите граѓани и нивната иднина, затоа што веруваме дека секое дете заслужува еднакви можности. Нашата определба е да создадеме инклузивна и пријателска средина за сите, без разлика на нивните потреби и способности.“

Општината Македонски Брод со овие активности потврдува дека грижата за најранливите категории граѓани е приоритет. Секој нов проект и иницијатива има за цел да обезбеди инклузивна средина, да ги намали бариерите за децата со посебни потреби и да придонесе кон целокупното унапредување на образовниот систем во општината.


1228

Задолжително

Verified by MonsterInsights