Започната реконструкција на улицата „16-та“, следна е „Даме Груев“

Општина Битола интензивно работи на подобрување на урбаната инфраструктура. Денес градоначалникот Тони Коњановски, заедно со советникот Бојан Бојкоски и претставници од Одделението за комунални дејности, извршија теренски увид на градежните активности на улицата „16-та“. Се работи на првата фаза – профил 1, вредна 1.397.934 денари, со решение прилагодено на актуелните услови за непречено изведување.

Паралелно со овие зафати, локалната власт ја подготвува и реконструкцијата на улицата „Даме Груев“, каде што во наредниот период ќе започне обновата на коловозот. Проектот е структуриран во три делови:

  • Крак 1 – 190,77 м,
  • Крак 2 – 59,32 м,
  • Крак 3 – 158,90 м.

Проектните решенија се изработени во согласност со постојната состојба, со цел зачувување на специфичностите на улицата и пристапите до станбените објекти.

Како дел од реконструкцијата предвидено е поставување нова водоводна мрежа која ќе обезбеди поефикасно и квалитетно водоснабдување, како и целосна санација на постојната мешовита канализација. Сегашните бетонски цевки со дијаметар Ø200 се во лоша состојба и ќе бидат заменети.

Со овие вложувања Општина Битола покажува континуитет во унапредување на комуналната инфраструктура, со акцент на безбедноста на сообраќајот и подобри услови за секојдневен живот на граѓаните.


1305

Задолжително

Verified by MonsterInsights