Македонскиот извоз расте побрзо од увозот

Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија во периодот јануари – јули 2025 година, изнесува 4,70 милијарди евра, што е пораст од 3,2 проценти во однос на истиот период од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – јули 2025 година изнесува 6,66 милијарди евра, што е за 2,7 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговската размена по производи според покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, деловите на седишта и други катализатори на носачи.

Во увозот најмногу се застапени: нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и електричната енергија.

Во периодот јануари – јули 2025 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Грција, Кина и Србија, кои учествуваат со 47,3 проценти во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 60,4 проценти во вкупната размена.


1201

Задолжително

Verified by MonsterInsights