Луксузните возови ја враќаат златната доба на патувањата

Авионите со децении важеа за синоним за брзина и луксуз. Директните летови, бизнис-класата и ВИП-салоните го направија летањето прв избор за луѓето низ светот. Но растот на цените на авиобилетите, строгите безбедносни протоколи и повеќечасовните чекања на аеродромите придонесоа возовите да станат сериозна алтернатива, која последниве години добива и нова димензија: од удобност, еколошка одржливост и можност за непречено работење, па до враќање на носталгијата и престижот што потсетува на златната доба на патувањата.

„Возот ми овозможува удобно да се сместам, да го отворам лаптопот, да се поврзам на стабилен интернет и да работам без прекин“, објаснува Јелена Зец, која моментално живее и работи во Германија. Според неа, дополнителна бенефиција е тоа што возовите пристигнуваат директно во центарот на градот, без потреба од долги трансфери. „Ако од Штутгарт стигнам во Салцбург за три и пол часа за 30 евра и веднаш можам директно од железничката станица на состанок, тоа ми заштедува половина ден, а и пари, во споредба со летање со авион.“


1214

Задолжително

Verified by MonsterInsights