Со интензивно темпо се подобруваат условите во студентскиот дом „Кочо Рацин“

Маркоски: Должност и обврска ни е да обезбедиме пристоен студентски стандард Во студентскиот дом „Кочо Рацин“ во Битола со интензивно темпо се реализираат значајни зафати за подобрување на условите за престој на студентите.

Директорот на домот, Љубе Маркоски, кој ја извршува оваа функција нешто повеќе од еден месец, информира дека до крајот на септември во повеќе од 60 соби условите ќе бидат значително подобрени. „Најголем акцент ставивме на реновирањето на собите. До крајот на месецот над 60 соби ќе добијат поубав изглед, во А и Б блок ќе се освежат собите со поставка на нов ламинат кој ќе овозможи помодерен, поудобен и похигиенски престој. промена која ќе има влијание врз квалитетот на студентскиот живот,“ истакна Маркоски. Паралелно, извршени се интервенции во санитарните јазли со поставување нова опрема, со што значително е променет изгледот и функционалноста во дел од блоковите. Ова е посебно важно затоа што токму санитарните простории се еден од клучните сегменти за обезбедување подобри услови за хигиена и секојдневен престој на студентите. Во изминатиов еден месец е репариран и пуштен во употреба и колекторскиот систем во А блок. Овој систем ќе овозможи значително намалување на трошоците за електрична енергија, а заштедените средства ќе бидат насочени следниот период за инсталација на соларни системи во другите блокови. Дополнително освежени се и елементите во дворниот простор, а во тек е и инсталација на нови рефлектори и дополнително осветлување. Со тоа студентите добиваат побезбедна и попријатна средина за секојдневни активности и дружење. „Нашата должност и обврска е да обезбедиме пристоен студентски стандард и да создадеме услови во кои младите ќе се чувствуваат удобно. Студентите заслужуваат современи услови за живот и студирање а наша должност е тоа да им го овозможуваме,“ додаде директорот Маркоски.


1552

Задолжително

Verified by MonsterInsights