Мицкоски: 34 години независна Македонија – гордост и обединување

„Независноста не е само потпис на хартија – таа е борба, жртва и љубов кон нашата света татковина. Бог да ја благослови нашата татковина!“, порача Мицкоски по повод 34-годишнината од независноста.

Тој нагласи дека овој ден е резултат на долгогодишни борби, човечки страдања и херојства, како и на визијата на историското ВМРО и Асномците кои ја зачуваа идејата за слободна Македонија. Премиерот повика на обединување, одговорност и вложување во иднината на нацијата, нагласувајќи дека секое ново дете, семејство и граѓанин се клучни за продолжување на патот на независноста.


1156

Задолжително

Verified by MonsterInsights