Започна официјалната примена на новите службени регистарски таблици

Со воведување на новите службени регистарски таблици, институциите во државата започнуваат процес на поголема транспарентност и отчетност во управувањето со јавните ресурси.

„Со оваа мерка конечно ставаме крај на злоупотребата на државните возила за приватни и партиски цели и воспоставуваме поголема дисциплина во институциите“, изјави Ивица Томовски, најавувајќи дека сите државни возила ќе мора да ги заменат таблиците до 15 септември, а крајниот рок за спроведување е 29 септември. Доколку тоа не се направи навреме, при следната регистрација возилата задолжително ќе добијат нови таблици.

Работната група за брендирање на возилата беше формирана пред неполна година, со цел воспоставување единствен систем на препознавање на државните автомобили и нивна правилна намена.

„Со оваа промена ја зајакнуваме довербата на граѓаните и го поставуваме државниот систем на повисоко ниво на отчетност и одговорност. Ова е само почеток на процесот кој ќе обезбеди ред и транспарентно управување со јавните ресурси“, нагласи Томовски.

Според најавите, новите таблици ќе овозможат јавноста полесно да разликува службени возила, а институциите ќе имаат обврска да демонстрираат поголема грижа и дисциплина во нивното користење.


1149

Задолжително

Verified by MonsterInsights