Нова асфалтирана улица во селото Вашарејца – првпат после децении

Во селото Вашарејца денес беше асфалтирана улица која досега никогаш немала асфалтна подлога. Со оваа интервенција, жителите конечно ќе се ослободат од долгогодишниот проблем со калта и тешките услови за движење.

„Нашите жители не се заборавени – повеќе нема да газат во кал. Низ целата општина Могила вложуваме во подобра инфраструктура“, изјави градоначалникот на општина Могила, Драганчо Саботковски.

Проектот е дел од пошироката стратегија на општината за унапредување на патната инфраструктура, со која се настојува да се подобрат условите за живот и мобилност во населените места.


1287

Задолжително

Verified by MonsterInsights