Офицерскиот дом доби уметничко пијано – боја, музика и приказни за сите граѓани
Офицерскиот дом стана дом на ново симболично богатство – уметничко пијано, донирано од Halkbank AD Skopje. Пијаното е осмислено и украсено од уметниците Петар Томски – Whazz Djazz и Владимир Дади Ивановски, создавајќи мозаик од бои и форми кои раскажуваат приказни уште пред да прозвучи првата нота.
Суштината на пијаното е неговата јавна природа – ќе излегува надвор, на платото пред КИЦ, на плоштадите и улиците, за да биде достапно за граѓаните и помеѓу луѓето. На столчето се најде и порака од банката: „Седни ако си кабадаја“, потсетувајќи дека уметноста најубаво цвета кога е споделена.
Вечерта ја збогатија извонредни изведувачи:
- Алексeј Белевски – млада надеж со светска биографија
- Анастасија Гичевска – пијанистка со повеќе од 30 меѓународни награди
- Бранислав Николов – „Пијан Славеј“, со својот препознатлив глас и безвременски шансони, придружуван од проф. Вангел Мажевски на пијано
Ова пијано нема да остане во рамките на една сала – граѓаните ќе можат да го слушаат на плоштад, под ѕвездите, да го свират деца, професори или минувачи. Со ова се потврдува дека вистинската култура живее таму каде што живее и градот – меѓу луѓето.