MTV The Greatest Hits Volume 3: Битола во ритамот на најголемите хитови
За третото издание на „MTV The Greatest Hits Volume 3“ подготвена е целосно нова програма со песни што ја одбележаа една музичка епоха. Концертот ќе се одржи на 13 септември 2025 година во Центарот за култура во Битола, со почеток во 20:00 часот.
Настанот ќе понуди уникатно музичко доживување, со изведби на Битолскиот Камерен Оркестар – IWConnect, кој ќе ја додаде својата камерна магија на секоја нота. Во придружба на оркестарот, на сцената ќе настапат врвни македонски вокални артисти: Наде Талевска, Полина Тасева, Огнен Димовски, Јана Бурческа, Јасна Димитровска, Ирена Димовска, Александра Трајческа и Алексеј Ивановски.
Публиката ќе може да ужива во композиции што ги одбележаа 80-тите и 90-тите години, со свежи аранжмани кои ја носат енергијата на оригиналните хитови, но со ново музичко доживување. Настанот ветува емотивно патување низ времето и незаборавни музички моменти кои обединуваат генерации.
Со ова издание, Битола повторно се потврдува како музички центар каде што се создаваат спектакуларни настани за љубителите на класичната поп-култура и живата музика.