Ликовен конкурс „Битола – мојот град, моја визија“

Културниот информативен центар (КИЦ) Битола го најавува ликовниот конкурс „Битола – мојот град, моја визија“, со цел да ја поттикне детската креативност и љубовта кон градот преку оригинални визии и искрен детски поглед.

Право на учество имаат учениците од сите основни училишта во Општина Битола. Конкурсот е поделeн во три категории:

  • I – III одделение
  • IV – VI одделение
  • VII – IX одделение

Услови за учество:

  • Дозволени се сите ликовни техники
  • Делата треба да содржат мотиви од Битола
  • Максимален формат: 50 х 70 см
  • Секоe дело треба да содржи: име и возраст на авторот, име на ментор и контакт телефон

Рок за доставување: до 27 октомври 2025 година, на една од следните адреси:

  • По пошта: ул. Широк сокак 145
  • Лично: ЈОУ КИЦ Битола – Офицерски дом (секој работен ден од 09:00 до 19:00 часот)

Награди:

  • Гран При
  • I, II и III награда во секоја категорија
  • Благодарници за сите училишта и ликовни педагози

Селектираните творби ќе бидат дел од завршната изложба која ќе се постави на 3 ноември 2025 во Офицерскиот дом – КИЦ Битола, како дел од програмата за празникот на Општина Битола (4 ноември).


1331

Задолжително

Verified by MonsterInsights