Муцунски се сретна со сенаторот Петер Велч – еден од иницијаторите на новата резолуција во Сенатот на САД со која одбележува 30 години дипломатски односи меѓу двете земји
Министерот на надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски информираше дека вчера во Вашингтон се сретна со сенаторот Петер Велч, еден од иницијаторите на новата резолуција во Сенатот на САД, со која се одбележуваат 34 години македонска независност и 30 години дипломатски односи меѓу нашите две држави.
„Ја нагласив важноста на оваа резолуција како силен сигнал за пријателството и довербата што ги обединуваат македонскиот и американскиот народ. Потврдивме дека остануваме посветени на заедничките евроатлантски вредности, демократијата, владеењето на правото и стабилноста на Западен Балкан“, истакна Муцунски.
Тој додаде и дека разговарале и за одличните билатерални односи, поддршката за европскиот пат и заедничкото уверување дека оваа посета ќе отвори нови можности за уште посилна соработка меѓу двете земји.