Куновски во посета на Сојузот на Борците – Битола
ФБ статус на кандидатот за градоначалник на Општина Битола од СДСМ, Методија Куновски:
Редовно одржување на спомениците на народните херои од НОАВМ,
Редовно одржување на партизанските гробишта,
Партнерски однос и поддршка на организација.
Ова се скромните барања на ОО на СБМ од НОАВМ 1941-1945 Битола за кои, заедно со пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска, разговаравме на средбата со претседателот Стефан Бошков и членот на Извршниот одбор, Данка Јанковска.
Ја образложив и мојата визија за изградба на спомен обележје посветено на 4 Ноември – Денот на ослободувањето на Битола, ден кој, според мене, треба да биде неработен за жителите на општината, а прославата да вклучува голема парада низ улиците и едукативни содржини за најмладите и учениците.
Им благодарам на раководството на Сојузот на борци Битола за гостопримството и одвоеното време![]()
Борбата за слобода никогаш не престанува, само менува форма![]()
Сега е време да бориме и да се избориме за нашиот дом, за Битола – чиста, хумана, солидарна за сите нејзини жители![]()