БИТОЛА СО НОВА ЕНЕРГИЈА ВО ТУРИСТИЧКАТА ПРОМОЦИЈА

Во Офицерскиот дом се одржа завршниот настан на проектот „КулТурПромо“, со кој младите ја добија главната улога во современата туристичка промоција на Битола. Проектот, поддржан од Министерството за култура и туризам и интегриран во БИТ ФЕСТ, обедини фотографија, дизајн и дигитален маркетинг во функција на оживување на културното наследство.

Професорот Ило Трајковски потсети на заборавени бисери на градот, додека туристичкиот водич Марија Ивановска нагласи дека „автентичните приказни се најсилниот туристички производ“. Новинарката Анета Блажевска истакна дека една фотографија или видео на социјалните мрежи може да ја постави Битола како следна дестинација.

Во изминатите четири месеци, 50 млади битолчани изработија креативни материјали за промоција на градот, презентирани на изложба. Фотографката Ивона Кочов преку својата колекција „Пркос кон заборавот“ повика на зачувување на убавината и споделување со светот.

„КулТурПромо“ покажа дека синергијата на младите, образованието, туризмот и културното наследство може да биде двигател за одржлив развој и нова енергија во туристичката мапа на Битола.


1318

Задолжително

Verified by MonsterInsights