Последен ден за ранa резервација: Битола ќе ужива во живи настапи на млади пејачи и хорови

На 4 октомври, во Битола ќе се одржи концерт со учество на детски и тинејџерски хорови, солисти и професионален оркестар. Настапот се одржува во рамки на проектот за развој на млади музички таленти и е единствен во регионот по комбинацијата на живо музика и хорско изведување.

На сцената ќе настапат детскиот хор „Ѕвончиња“ и тинејџерскиот хор „ПопРокет“, како и 15 солисти меѓу кои се Ана Николовски, Елена Василевска, Емил Мустафа, Јована Талевска и други. Специјален настап ќе има Анастасија Стерјева, добитничка на Прва награда на WAF Contest Skopje, која ќе ја изведе својата авторска песна.

Организаторите потенцираат дека овој проект е пример за развој на квалитетни млади пејачи преку работа со професионални ментори, хорско изведување и оркестарска поддршка.

Раните резервации се можни по цена од 250 денари до крајот на денот, а од утре билетите ќе чинат 350 денари.

Билети можат да се резервираат на korunovskamusic.org/bileti.


1170

Задолжително

Verified by MonsterInsights