Заменичката амбасадор на Австралија во посета на Општина Битола

Заменичката на амбасадорот на Австралија и прва секретарка и конзулка во амбасадата во Белград, Териз О’Мили, престојуваше во работна посета на Општина Битола. Таа беше придружувана од почесниот конзул на Австралија во нашата држава, Зоран Костовски.

На средбата со градоначалникот Тони Коњановски се разговараше за продлабочување на соработката меѓу Австралија и Битола, со посебен акцент на локалниот економски развој, културната размена и поддршката на образованието. Беше отворена и темата за тековните и идните проекти на општината, како и за големото присуство на Македонците во Австралија и нивното активно учество во политичкиот и општествениот живот таму.

Градоначалникот Коњановски ја информираше О’Мили за стратешките приоритети на Битола – одржлив урбан развој, заштита на животната средина, создавање услови за нови инвестиции и отворање работни места.

Г-ѓа О’Мили изрази задоволство од можноста да се запознае со потенцијалот на градот и нагласи дека Австралија, како мултикултурна земја, продолжува да дава значајна поддршка на македонската заедница. Таа истакна дека Австралија е подготвена и во иднина да поддржува локални иницијативи што придонесуваат за економски раст, иновации и унапредување на заедницата.


1252

Задолжително

Verified by MonsterInsights