Градоначалникот Коњановски оствари средба со претставници на ИМКА

Во рамките на меѓународните средби што овие денови се одржуваат во Битола, градоначалникот Тони Коњановски се сретна со претставници на невладината организација ИМКА (YMCA), која има свое седиште во градот.

Делегацијата, предводена од претседателот на ИМКА Битола Виктор Илиев и генералниот секретар на ИМКА Европа, Хуан Симоес Иглесиас, го запозна градоначалникот со тековните и идните проекти. Проектите се насочени кон поттикнување на младите за активно учество во општеството, развивање лидерски вештини, волонтерство и промоција на вредности како инклузивност, одговорност и солидарност.

Градоначалникот Коњановски ја нагласи подготвеноста на општина Битола да продолжи со поддршка на младинската работа, истакнувајќи дека ваквите партнерства се клучни за изградба на современа и динамична заедница.

Претставниците на ИМКА ја истакнаа важноста на Младинскиот центар во Битола, каде младите преку неформално образование стекнуваат нови знаења и вештини кои не се дел од формалниот образовен систем.


1177

Задолжително

Verified by MonsterInsights