Предизвиците на современите енергетски системи
На првиот ден на престижната конференција Мако СИГРЕ се одржа панел дискусија на тема: “Предизвиците на современите енергетски системи”, на која активен придонес даде и зам.ген.директор на АД МЕПСО, г.Александар Пауновски.
По воведното обраќање на министерката за енергетика, г-ѓа Сања Божиновска, во стручна и конструктивна атмосфера, заедно со г. Горан Мајсторовиќ од СИГРЕ Хрватска и проф. д-р Мирко Тодоровски од ФЕИТ, беа разгледани актуелните предизвици со кои се соочуваат операторите на електроенергетски системи – особено во контекст на енергетската транзиција, интеграцијата на обновливи извори и зголемената потреба од флексибилност и сигурност на системот.

Дискусијата беше модерирана од проф. д-р Александра Крколева Матеска од ФЕИТ, која ги отвори клучните теми кои се од стратешко значење за иднината на енергетскиот сектор во регионот.
АД МЕПСО останува посветен на активна соработка, регионална размена на знаења и поддршка на професионалната заедница во насока на стабилен и одржлив енергетски систем.