Рекордното ниво на цената на златото
Рекордното ниво на цената на златото денеска го привлече вниманието на пазарите ширум светот. Во европската трговија, центата на златото нарасна на 3.943,01 долари за унца, а фјучерсите во САД стигнаа до 3.966,37 долари. Повод за ова драстично зголемување е засилената побарувачка поради политичката и економската неизвесност во САД, како и очекувањата дека Федералните резерви (ФЕД) наскоро ќе ги намали каматните стапки.
Златото како засолниште во време на криза
Пазарите реагираат бурно на продолжениот застој на работатa на американската федерална влада, што го зајакна сомневањето дека економијата на САД ќе се соочи со сериозни шокови. Политичката блокада веќе влегува во својата втора недела, Демократите не сакаат да попуштат за намалувањето на здравствените бенефиции, а претседателот Доналд Трамп најавува нови отпуштања на државни службеници. Токму оваа неизвесност ги тера инвеститорите да се ориентираат кон златото, традиционално средство за зачувување вредност во кризни времиња.
Економските показатели, од друга страна, веќе даваат сигнали за слабеење: очекувањата се дека ФЕД ќе пристапи кон нови намалувања на каматите, за „да стимулира“ раст. Тоа ги наведува инвеститорите исто така да се ориентираат кон златото, иако тоа не дава камата и се смета за „неплодна“ имовина, но далеку посигурна.
Како ФЕД влијае на движењето на златото
Инвеститорите внимателно ја следат активноста на ФЕД, од кои зависат пазарите. Со зголемениот ризик за американскиот долар поради владиниот застој и можноста за нарушување на фискалната политика, очекувањата за намалување на каматите се веќе високи. Шансите Федералните резерви да ги намалат каматни стапки во октомври се проценуваат на близу 97 проценти, а веројатноста за уште едно намалување во декември изнесува околу 84,9 проценти. Притоа, некои аналитичари сметаат дека може да се надминат дури и овие проекции.