Градоначалникот Тони Коњановски се сретна со амбасадорот на Кралството Шпанија, н.е. Рафаел Соријано Ортиз

Денес Градоначалникот Тони Коњановски се сретна со амбасадорот на Кралството Шпанија, н.е. Рафаел Соријано Ортиз кој е голем љубител на спортските настани, а во Битола престојува поради натпреварот од Лигата на шампиони помеѓу Еурофарм Пелистер и Барселона.

Во пријателска и опуштена атмосфера, се разменија искуства за синоќешниот ракометен спектакл и се заклучи дека ретко каде во светот има ваква спортска и навивачка атмосфера. Навивачкиот дух, но и коректноста на публиката кон спортскиот ривал Барселона, кој иако беше подобар, остави посебен впечаток кај шпанскиот амбасадор.

Битола живее за ракометот и спортот и затоа, како локална самоуправа, особено внимание посветува на развојот на условите и можностите, за постојана негова надградба. Битола е град на спортот!


1173

Задолжително

Verified by MonsterInsights