Замина човекот кој со љубов ја раскажуваше историјата на Битола
Почина Проф. д-р Александар Стерјовски, еден од најпознатите македонски историчари и универзитетски професори, човек кој со своето знаење и посветеност остави длабока трага во културниот и јавниот живот на градот.
Професорот беше познат по својата посветеност на истражувањето на историјата на Битола и нејзиното културно наследство. Автор е на повеќе книги и научни трудови посветени на Битола, преку кои со голема љубов и научна прецизност го прикажуваше развојот и духот на градот низ вековите.
Нашиот портал имаше долгогодишна и плодна соработка, во рамките на која професорот често споделуваше свои ставови, историски анализи и осврти. Секогаш ги облагородуваше јавните настани и наши разговори со детални и исцрпни објаснувања за историските случувања, оставајќи впечаток на човек кој знаеше да приближи и најсложените теми до секого.
Ќе го паметиме со голема почит, благодарност и восхит.
Нека му е вечна славата и споменот благословен.